Вкупно 43 граѓани не го почитувале полицискиот час, казнети со по 2.000 евра

by fokus

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе 38 предлози за казнени налози против вкупно 43 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Предложени се и казни од по 2.000 евра за секој од нив.

Од ЈО соопштија дека сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и превенција на заразната болест Ковид 19.

Поврзани новости