Вкупно 41 вработен затруени во Кромберг и Шуберт, во првата менза шест позитивни брисеви

by Fokus

Вкупно 41 од вработените во германската компанија Кромберг и Шуберт се затруле од храна од двете фабрички мензи, кои завршија под клуч, потврдија за „Фокус“, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Како што веќе објавиме, првиот пат со симптоми на труење се јавиле седум лица во дневната болница во битолската Клиничка болница, при што експресно беше затворена првата фабричка менза, за само два дена подоцна, истите симптоми да ги пројават уште 30 вработени.

Тоа што е заедничко за сите вработени кои се затруле е што тогаш јаделе салата, во која имало краставица, патлиџан, пченка.

Како што неофицијалнон дознава „Фокус“, во текот на вчерашниот ден пристигнале резултатите од првата менза, при што шест брисеви биле позитивни. Според процедурата, со решение им се наложува што треба понатаму да направат, поточно механичко чистење, дезинфекција, вонредно санитарни хигиенски прегледи…

Откако ќе ги исполнат овие услови, ги известуваат надлежните институции, повторно се земаат брисеви и штом се добијат негативните резултати, дури тогаш постои можност да се отвори мензата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор со германската компанија „Кромберг и Шуберт“ во декември 2011, а две години подоцна, во октомври 2013 беше отворена фабрика за производство на кабли за автомобили лоцирана во индустриската зона Жабени, близу Битола.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости