Вкупно 360 пациенти се хоспитализирани во Скопје од кои 17 во изминатите 24 часа

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

-Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за Нефрологија. Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти, се вели во соопштението од министерството за здравство.

Со тоа бројката на пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во Скопје изнесува 360. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, велат од министерството.

Поврзани новости