Вкупно 126 граѓани се вратија од Словенија, ќе бидат сместени во државен карантин

by Fokus

Со чартер лет од Словенија денеска на аеродромот во Скопје пристигнаа 126 македонски граѓани и веќе се упатени кон задолжителен државен карантин, информира Министерството за надворешни работи.

„Упатуваме благодарност кон надлежните власти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство“, – соопштуваат од МНР.

Во попладневните часови ќе бидат вратени граѓани од Минхен, а за утре се предвидени два лета од Берлин и Келн/Бон.

Поврзани новости