Вкупно 10 полицајци се заразени со корона вирус

by Fokus

Вкупно 10 полицајци се заразени со корона вирус, информираат од МВР.

Според информациите, досега 42-ца полицајци се изолирани со одлука на државата, додека 11 полицајци се изолирани со изјава. Тројца полицајци се во државен карантин.

Во последните 24 часа во територијата на Северна Македонија, 61 лице не го почитувале полицискиот час, и тоа 10 лица од скопскиот регион, тројца од Тетово, девет од Битола, 11 од Штип, 18 од Струмица, четворица од Охрид и шест од Велес.

Поврзани новости