Со новите 199 позитивни случаи, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 7.975.
Притоа, бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, вкупно се хоспитализирани 87 пациенти, а на кислородна поддршка се 62 пациенти.
Во болницата во Козле, пак, се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, со што вкупно хоспитализирани се 96 пациенти, додека на респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти итн.