Вицепремиерот Адеми: Извештајот на ЕК е реален

by fokus

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска го оцени Извештајот на Европската комисија за Македонија како очекуван, реален и коректен.

-Тоа што го очекувавме тоа и го добивме. Верував дека Република Македонија ќе добие реален, коректен и објективен извештај каде ќе се нотира и напредокот, изјави Адеми, кој денеска присуствуваше на конференцијата за влијанието на евро-атлантските интеграции врз меѓуетничките односи.

Вицепремиерот за европски прашања посочи дека Извештајот содржи и препораки особено за областите кои се опфатени за итните реформски приоритети. Адеми кажа дека Секретаријатот за европски прашања изготвил анализа која е испратена до сите институции, а ќе биде разгледана и од страна на Владата.

Поврзани новости