Висок пораз од Холандија за крај на настапот на Македонија на ЕП

by Fokus

Македонската фудбалска селекција со висок пораз од 3-0 го заврши својот настап на Европското првенство, а на последниот меч подобра беше селекцијата на Холандија.

Нашите фудбалери добро го започнаа натпреварот вршејќи притисок кон голманот Стекеленбург, но натпреварот беше решен во првата половина од првото полувреме.

Горан Пандев беше фаулиран пред шеснаесетникот на Холанѓаните, а судијата не ја прекина играта и со брз контра „лалињата“ го отворија резултатот преку Депај.

На стартот од второто полувреме Холанѓаните постигнаа два брзи погодоци преку Вајналдум и го решија дополнително натпреварот.

Ова беше последен меч за легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев кој кажа репрезентативно „збогум“ после цели 20 години.

Поврзани новости