Вишото обвинителство барало слобода за Заев, а Обвинителството за организиран криминал повторно да му се суди за „Поткуп“

by fokus

Вишото обвинителство барало Апелација да ја потврди ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“ против премиерот Зоран Заев, објави телевизија „Телма“.

За разлика од Обвинителството за организиран криминал и корупција кое се жалеше на првостепената пресуда и бараше нејзино укинување, вишото обвинителство имало сосема спротивен став, односно барало да се потврди првостепената ослободителна пресуда, а да се одбие жалбата на Обвинителството за организиран криминал.

Од прес службата на обвинителството за „Телма“ посочиле дека законска надлежност на вишото обвинителство е да даде мислење кое може да биде и поинакво од основното и дека не е обврзувачки за судиите, но причините за ваквиот став не ги откриваат.

Ослободителната пресуда за премиерот Заев беше донесена во мај минатата година. Судиите од Апелација ги разгледувале жалбите на нејавна седница на 26 декември 2018, а е јавно објавена дури на 1 април 2019.

Поврзани новости