Виктор Камиловски пак ја предводи советничката листа на вмровците во Аеродром

by Fokus

Трауматологот Виктор Камиловски по трет пат ќе биде носител на листата на советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром.

Камиловски беше претседател на Советот на општината, а како што претходно објави „Фокус“ тој во меѓувреме извршуваше уште неколку други функции.

Пред неколку недели советничката Љубица Јанчева од СДСМ го обвини Камиловски дека како претседател на Советот на општината не мрднал со прст кога нивниот колега бил нападнат од советник од ТМРО, кој сакал и физички да се пресмета со него.

– Нашиот советник Марко додека зборуваше на говорница, најпрво вербално(од место) беше нападнат од советникот на ТМОРО, Александар Шехтански кој неповикан излезе и отиде на говорница кај Марко со закани и кревање рака во стилот, ќе видиш ти. Претседавачот на Советот Виктор Камиловски не трепна. Од наша страна изреагирав јас, се ставив како жив ѕид меѓу нив двајца пред говорница,  а од нивна страна советникот Сашо, кој го повлече. Претседателот и овој пат не изреагира, ниту мрдна, ниту пак му кажа да се врати на место и да побара збор – тврдеше Јанчева за „Фокус“.

Поврзани новости