Викендов можни разговори за вториот и третиот владин ешалон

by Fokus

Викендов можни се разговори за вториот и третиот владин ешалон. Партиите од парламентарното мнозинство сè уште не се договориле за поделбата и можните имиња за заменици министри и директори во јавните институции, информира АлсатМ.

ДУИ и Алијансата за Албанците посакуваат да имаат четири или пет позиции заменици-министри. Тие атакуваат на ресорот за финансии, за МВР, за транспорт и врски, за образование и Министерството за одбрана. Но, во ниту едно од нив албанските партии нема да раководат со некои оддели.

Имињата кои се вртат во јавноста за МВР, но кои остануваат неофицијални се Блерим Беџети и Зимри Ќамили од редовите на ДУИ, но и Зулфи Адили, ако бројот на заменици е петмина.

Поврзани новости