Викендашите од Грција се враќаат дома, грчките коцкари нервозни поради застојот

by Fokus
Во три колони, долги и по еден километар се чека за влез на граничниот премин „Евзони“.
Голем дел од македонските граѓани го искористија продолжениот викенд за прошетка, па сега мораат подолго да чекаат за да се вратат во Македонија.
Тие им ги пореметија плановите на коцкарите од Грција, кои редовно организирано ги посетуваат казината во Гевгелија. Голем дел од нив беа видливо нервозни, некои се вратија назад а најупорните тргнаа пешки кон влез во Македонија.
Вики Клинчарова

Поврзани новости