Видеолотарија со силна поддршка за Капитенот и нашата Репрезентација на последниот меч на ЕУРО 2020

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација денес ќе го одигра својот последен натпревар на
Европското првенство, во Амстердам, против Холандија (18.00 ч.).

Како партнер на Фудбалската федерација на Македонија, Видеолотарија Касинос Австрија е горда и
привилегирана што беше дел од ова највозвишено спортско доживување за нашата земја.

Сакаме да изразиме благодарност до фудбалерите, до стручниот тим и до сите од Федерацијата,
кои на свој начин придонесуваат во репрезентацијата, за сè што направија на овој наш историски
настап меѓу европската елита.

Македонија веќе ја остави својата трага во врвниот европски фудбал, репрезентативците се веќе наши идоли и затоа на денешниот последен натпревар им посакуваме да уживаат во нивниот сон, да ја играат омилената игра пред милионските очи на Европа.

Иако ова е последен натпревар за Македонија на Еуро 2020, Видеолотарија Касинос Австрија и понатаму стои како партнер и поддршка на овие момци и силно верува дека исто така ова е само почеток на цела низа настапи на големите фудбалски собири.

Денешниот натпревар со Холандија, истовремено е посебен и многу емотивен, затоа што ќе биде
последен за миленикот на сите генерации, македонскиот капитен, а воедно и наше заштино
лице, Горан Пандев.

-Среќен сум што се збогувам на еден ваков начин, на едно големо натпреварување. Може да
кажам дека подобро збогување од дресот на Македонија, од еден натпревар на Европско
првенство не можев и да посакам. Има емоции но знам како да се носам со нив. Среќен сум што
Македонија играше на едно големо натпреварување и дај боже сето тоа да го заокружам со еден
позитивен резултат против Холандија, изјави Пандев.

Неговата големина пред сè како човек, а потоа и како значење за македонскиот фудбал ќе се
вреднува уште многу децении. Видеолотарија Касинос Австрија е среќна што го имаме како
репрезент на Македонија и на македонскиот спорт и сме почестени што можеме да кажеме дека
е наше заштитно лице. Тој 20 години оставаше срце за Македонија, а денес цела Македонија ќе
ги остави своите емоции за него.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

Поврзани новости