(Видео) Живалевиќ: Кога не им помина приказната дека сум „тепач“ сакаа да ми наместат дека сум руски разузнавач

by Fokus

Горан Живалевиќ, кој беше советник во српската амбасада во Скопје и претставник на Безбедносно-информативната агенција (БИА) во интервју за  емисијата „Кирилица“ на српската „Happy ТV“ открива детали од случувањата во македонското Собрание на 27 април, познат како крвавиот четврток, кога беа претепани пратениците од парламентарното мнозинство.

Според него, како единствен доказ дека таа вечер бил во Законодавниот дом е  „селфито“ кое самиот му го испратил на Синиша Алексоски, советник за безбедност на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.

„Алексоски кој тогаш бил во Охрид, кога ме побара и ме праша каде сум, му испратив селфи од Собранието. Целата афера изби речиси еден месец по настаните во Собранието, а кога не помина приказната за мене како за „тепач“, требало да се зајакне, па ми беше пришиено дека сум руски разузнавач. Требаше да се најде моја врска со руските службаи. По игра на случајот никогаш не сум бил во Русија и никогаш не сум контактирал ниту со еден Русин. Се дружев со претставниците на сите големи служби, освен со Русите – тврди Живалевиќ во интервјуто.

Поврзани новости