(ВИДЕО) Жители го бркаа Груевски од селото, Коце ги смируваше

by fokus

Присуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во поплавеното Сингелиќ денеска го разгори револтот кај локалните жители.

Додека врвеше низ селото, неколку граѓани со критики и пцовки се нафрлија врз експремиерот барајќи одговорност за ситуацијата во која се најдоа, јави телевизија Шења.

Додека жителите довикуваа по Груевски дека доаѓал во селото само за политички поени, градоначалникот Коце Трајановски се обидуваше да ги смири.


“Ku shkon, ku ik”, kështu i drejtohen Gruevskit… by tvshenjaofficial

Подоцна ситуацијата ќе излезе од контрола, кога придружбата на Груевски физички ќе нападнe еден од волонтерите во поплавеното село. Обезбедувањето со тупаници се нафрли на еден од активистите пред Груевски, бидејќи го критикуваше експремиерот.

Поврзани новости