Видео: Земјотресот од 8,1 степени што го стресе Мексико однесе 15 жртви, најсилен во последните 100 години

by Fokus

Бројот на загинатите при моќниот земјотрес во Мексико се искачи на 15 лица, соопшти локалната Форо-ТВ, повикувајќи се на податоци на претседателот Енрике Нието.

Земјотресот со интензитет од осум степени по Рихтеровата скала денеска го погоди Мексико.

Пацифичкиот центар за предупредување потврди дека е регистрирано цунами при што најголемиот бран бил 0,7 метри.

Епицентарот бил на 123 км југозападно од градот Пихихапан на длабочина од 33 км. Потресот бил почувствуван и во главниот ргад Мексико Сити.

Поврзани новости