ВИДЕО Земјотресите во Хрватска ја земаа првата жртва, половина Петриње е разрушен

by Фокус

Во хрватски Петриње, кој е најпогоден од серијата земјотреси што го зафатија овој дел од Хрватска вчера и денес, починало едно дете, јавува Алџезеира.

Додека екипата на телевизијата известуваше од лице место, можеше да се види како луѓе извлекуваат едно дете од урнатините, а набргу потоа се случи уште еден потрес.

Дневник.хр објави дека центарот на Петриње е разрушен, комуникациите се отежнати, а насекаде се слушаат сирени. Пациентите се изнесуваат од болниците.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ најави дека заминува во Петриње, а Владата објави дека се испратени сите расположливи ресурси во тој град.

Градоначалникот Даринко Думбовиќ, пак, изјави дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена во Петриње.

Поврзани новости