(Видео) Застрашувачки снимки од Мјанмар: луѓе заробени под урнатините очајно бараат помош

by Fokus

Видеата кои ги споделија преживеаните откриваат застрашувачки моменти под урнатините по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар во петокот. На снимките се гледаат две девојчиња на возраст од 13 и 16 години и нивната крвава баба како лежат во област полна со урнатини по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени.

Девојчињата и нивната баба останале заробени додека се обидувале да побегнат од нивниот стан на шестиот кат во Мандалеј, вториот по големина град во земјата, кој е во близина на епицентарот на земјотресот. Во паника трчале кон итните скали, но зградата се урнала.

Таткото на девојчињата првично мислел дека неговите ќерки и мајка му починале и побарал помош на социјалните мрежи за да ги извлече нивните тела. Но, се покажа дека се живи – во клучните моменти пред да се урне зградата, тие ги зеле мобилните телефони.

„Моите ќерки снимаа видеа на нивните телефони мислејќи дека ако тие и нивната баба умрат, некој можеби ќе им ги најде телефоните и ќе ги видиме ние, татко им и мајка им“, напишал нивниот татко на Фејсбук.

Во својата објава тој напиша и дека неговото семејство може да слушне други луѓе заробени под нив во урнатините на станбената зграда Скај Вила.

„Се довикуваа од горниот и долниот кат, но ништо не се слушаше однадвор. Како што минувале часовите, тие губеле надеж и се држеле за рака со својата баба плачејќи“, се вели во неговата објава.

Спасувачите на крајот ги пронашле и со чекан направиле мала дупка низ која можеле да додадат вода, но морале да одат да добијат дополнителна опрема. Оставени сами на себе, девојките ги презеле работите во свои раце и со чекан го прошириле отворот и избегале.

Сакаа да и направат поголем отвор на бабата, но камењата беа претешки и ниту еден од нив не можеше да го помести“, се вели во објавата.

Поврзани новости