(ВИДЕО) Загинал додека им помагал на патки да го преминат патот

by Fokus

Кејси Ривара (41) од Калифорнија загина во сообраќајна несреќа додека им помагаше на патките да поминат по прометниот автопат во Калифорнија. Тој го паркирал автомобилот на страната на патот и им помогнал на пајчињата во Роклин, Калифорнија да го преминат патот, пишува DailyMail.

Трагедијата се случила во петокот вечерта кога возач (17 годишен) со автомобил удрил маж и го усмртил додека неговите деца гледале од автомобилот.

Вилијам Вимсат (12) го снимил моментот кога возач си го ризикувал животот за да им помогне на животните безбедно да го поминат патот.

– Излезе од автомобилот, ги тераше патките да го поминат патот, а сите му аплаудираа бидејќи беше многу фин. Им помогна на животните да одат до работ бидејќи имаа проблеми – изјавило момчето.

– Се сеќавам на силниот звук и како автомобилот го фрли преку раскрсницата“ се присетува Вимсат.

– Тој беше единствениот човек кој излезе од автомобилот и сакаше да помогне“ – додава тој.

По несреќата, мајката на Вилијам излегла од својот автомобил за да ги смири децата кои биле сведоци на смртта на нивниот татко во паркираниот автомобил.

Полицијата соопшти дека Ривара починал на местото на несреќата.

– Никој не е уапсен, а несреќата се уште е под истрага – соопштија од полицијата.

Поврзани новости