Видео: Заев: Спикер на Собранието ќе се избере овде или на друго место

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска за првпат се појави на конститутивна седница во Собранието, од каде што го повика собранискиот спикер Трајко Вељановски да не го крши Деловникот и Уставот на РМ.

– Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ, рече Заев во неговото прво излагање на говорницата, од каде го повика преседавачот на седницата Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор согласно Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието – истакна Заев.

Поврзани новости