ВИДЕО: Заев и владиката Наум го пречекаа Борисов во Водочкиот манастир во Струмица

by Фокус 11:23
11:23

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на социјалните мрежи објави видео од посетата на Водочкиот манастир Свети Леонтиј во Струмица, каде беше прекечан од македонскиот колега Зоран Заев, митрополитот на струмичкaта епархија Наум, како и други црковни великодостојници.

Инаку, македонската и бугарската влада предводени од Заев и Борисов денес треба да оддржат заедничка владина седница Струмица, од каде потекнува актуелниот македонски премиер, но и поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, на чиј гроб Заев и Борисов положија свежо цвеќе.

- Advertisements -

Оваа заедничка владина седница, по која се очекува да бидат потпишани неколку документи за билатерална соработка во повеќе области, доаѓа по договорот за пријателство и добросоедство меѓу двете држави, како и по обидот на МЦП-ОА да обезбеди автокефалност преку бугарската православна црква.

Поврзани новости