ВИДЕО Заев и Гурбер потпишаа меморандум за помош во реформата на разузнавачките служби

by fokus 18:31
18:31

Владата на Република Македонија потпиша Меморандум за разбирање за имплементација на реформа на секторот за безбедносните и разузнавачките служби на РМ за периодот од 2017-2020 со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДКАФ).

Премиерот Зоран Заев по потпишувањето на меморандумот со претседателот на ДКАФ Томас Гурбер рече дека соработката е клучна за враќање на довербата на граѓаните во оние институции од безбедносниот сектор кои во минатото беа означени како симбол на заробената држава.

- Advertisements -

– Со ова партнерство добивме на располагање експертско знаење, правна анализа, експертиза, вклучително и практична помош прилагодена на потребите за стратешки пристап кон реформите, рече Заев.

Посочи дека потпишувањето е важен печат за гаранција на контролните механизми со новиот законски пакет за реформи во разузнавачкиот систем.

Гурбер од своја страна истакна дека овој момент е кулминација на долги месеци блиски разговори меѓу Владата, ДКАФ и меѓународните партнери.

– Владата ги приоритизираше реформите во националните служби за безбедност и контраразузнавање. Важно е дека со ова, земјата се носи чекор поблиску до евроатлантските интеграции, рече Гурбер.

На потпишувањето присуствуваа повеќе амбасадори во земјава, меѓу кои на САД, ЕУ, Велика Британија, Германија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Хрватска.

Поврзани новости