Видео: Вработени од Југохром сведочат за партиски притисоци, раководството демантира

by Фокус 13:30
13:30

Невладината Цивил објави анонимно сведоштво на жители од Јегуновце кои сведочат дека во металуршкиот комбинат Југохром Фероалојс за време на изборната кампања на двојните избори се вработуваат нови лица по партиска линија. Од раководството на Југохром ги демантираат ваквите тврдења и велат дека во комбинатот се вработуваат лица согласно потребите.

„Сепак, според она што го сведочат жителите на Јегуновце, ситуацијата на терен е малку поинаква. Тие тврдат дека раководството на Југохром од вработените барало да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ со напомена дека ако дојде до промена на власта, тие ќе останат без своите работни места“, пишува Цивил.

- Advertising -

Набљудувачи на Цивил во неколку наврати информираа за нови вработувања и притисоци врз вработените во Југохром. На ова, раководството од Металуршкиот комбинат одговори со демант.

„Она што јас можам да ви го кажам е дека на работа се примени 20-30 лица, согласно потребите. Работиме со капацитет од 1.200 луѓе, дел од нив одат во пензија, дел си заминуваат. Ниту имаме притисок од партии ниту пак на некој му е загрозено работното место. Во Југохром работат лица од различна верска, етичка и политичка припадност, па дури имаме и еден вработен кој е дел од листата за кандидат за пратеник од СДСМ“, изјавил Васко Скендеровски, еден од директорите во Југрохром Фероалојс.

 

Поврзани новости