(ВИДЕО)Возач на автобус во Мајами смртно застрелал двајца патници

by Fokus

Две лица се загинати во пукање во автобус што денеска се случило во Мајами пред трговски центар, пренесуваат американските медиуми.

Според првичниот полициски извештај, возачот на автобусот се вмешал во расправија со двајца патници и за време на инцидентот тој пукал во патниците.

Двете жртви биле пренесени во болницата Авентура каде подоцна била констатирана смрт.

Од полицијата велат дека автобусот не се движел кога се случил нападот и потврдуваат оти возачот е во притвор.

Како што пренесуваат медиумите, возачот не бил застрелан и се уште се истражува зошто решил да пука во патниците.

Поврзани новости