(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува акција „Заедно со народот“

by Fokus

„ВМРО-ДПМНЕ започнува со акцијата `Заедно со народот`, од утре стотици тимови на партијата низ целата земја, ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија“ рече на денешната прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека „тимови од партијата во прва фаза ќе остварат состаноци со сите ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со голем број на граѓани кои се опозициски расположени и кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец“.

„Власта ја уништува државата за свои лични потреби, тие крадат, а народот пати. Основните услуги на државата често се под знак прашалник, основните потреби на граѓаните често не се подмирени. Додека власта се богати, народот е се посиромашен. За да се промени болната реалност, и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените, неопходни се граѓаните. Ќе разговараме со народот, ќе ги слушнеме нивните проблеми, нивните потреби. Ќе ги повикаме сите граѓани да се приклучат со нас“ порача Сајкоски.

Поврзани новости