ВИДЕО „Велика Британија мора да се спротивстави“, извикуваше Асанж додека го апсеа

by fokus

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж уапсен е денеска во амбасадата на Еквадор во Велика Британија, соопшти лондонската полиција.

Асанж, според наводите на полицијата, бил однесен во притвор и што е можно побргу ќе биде изведен пред истражен судија.

Британската полиција уште соопшти дека амбасадорот на Еквадор ги поканил во амбасадата на земјата.

Како што јавија агенциите, Асанж бил изнесен од амбасадата на Еквадор, каде престојуваше изминативе седум години. Додека го приведуваа, тој извикуваше „Велика Британија мора да се спротивстави“.

Министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид на Твитер напиша:

„Можам да потврдам дека Џулијан Асанж е сега во полициски притвор и ќе се соочи со соочи со правдата во Велика Британија. Би сакал да му се заблагодарам на Еквадор за неговата соработка и на полицијата за нејзината професионалност. Никој не е над законот”.

 

Поврзани новости