ВИДЕО Унгарскиот министер Сијарто во Штип: Се надевам дека ќе ја продолжам соработката со двајцата Николовци

by fokus

Покажете ја силата на Македонија со тоа што и по 5-ти пат ќе се изјасните дека патот на Македонија е европскиот пат, рече Петерс Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија кој вечерва на македонски јазик се обрати на митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

-Чест ми е што можам да бидам тука и да ви се обратам на овој собир на ВМРО-ДПМНЕ. Ние Унгарците, Македонија ја сметаме за прекрсна земја, а македонскиот народот за прекрасен народ. Македонија и Македонците навистина заслужуваат почит, но за жал во изминатите години бројни ликови од меѓународниот политички живот не покажаа почит кон Макеоднија и народот. Имаше такви кои отворено и такви кои скрено се обидуваа да се вмешаат во вашите работи. Сакам да ви нагласам дека ние Унгарците сметаме дека аа иднината на Македонија може да одлучувате само вие Македонците, истакна Сијарто.

Македонците, рече унгарскиот министер, веќе во четири последователни прилики му дадоа доверба на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сметаме дека Груевски и неговите досегашни влади сработија неверојатно голема количина на работа во интерес на европската и евроатлантската интеграција на Македонија. Доколку меѓународните политички одлуки навистина се базираа на заслуги и се донесуваа врз база на здравиот разум Македонија веќе пред години требаше да биде примена во НАТО и одамна требаше да бидат почнати пристапните преговори кон ЕУ. Но, верувам дека сработеното и вложените напори ќе вродат со плод“, рече Сијарто и додаде:

„Искрено се надевам дека утрото на 12 декември ќе можам да ја продолжам работата со моите пријатели двајцата Николовци.“

Поврзани новости