ВИДЕО Царовска ќе ја намалува сиромаштија со кратење на непродуктивните трошоци

by fokus

По повод 17ти октомври Светски ден на борба против ситомаштијата, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, со видео и се обрати на јавноста алармирајќи дека стапката на сиромаштија во Македонија е висока. 21,5 отсто од населението живее во сиромшатија. Царовска си поставува за цел до 2020 година таа стапка да се намали на 16 отсто.

Меѓу мерките кои Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземе во следниот период се кратење на непродуктивни и неразумни трошоци за да останат повеќе пари за граѓаните.

„Никој не смее да остане без храна, облека и покрив над главата. Македонија со Устав е дефинирана како социјална држава, но во реалноста системот често затајува“, вели Царовска во видеото.

Дел од мерките се и вклучување на сиромашните на пазарот на труд, но бидејќи меѓу нив се и голем број вработени, мерките опфаќаат и зголемување на минималните приходи. Понатаму на младите да им се гарантира перспектива и да се работи на подобрување на економската позиција на жените.

Поврзани новости