(Видео) Траорно сведоштво на мајка од Кочани: Државата нè заборави

by Fokus

Мајка на момче со тешки изгореници од трагичниот пожар во Кочани се обрати преку видео на социјалните мрежи со болно сведоштво за маката што ја живее нејзиното семејство. Таа раскажа дека била принудена да ја напушти својата работа за целосно да се посвети на грижата за својот син, кој е во критична здравствена состојба и зависи од неа 24 часа дневно.

„Се грижев за болната мајка, а сега и за синот – мораше некој да остане покрај него. Го напуштив и работното место, немав избор“, вели мајката со солзи во очите.

Таа нагласува дека до сега единствена поддршка добиле од хуманите граѓани, но никаков одговор или помош не стигнала од државните институции.

„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема… Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е и помош од државата,“ апелира таа.

Момчето е лекувано во болница во Грција, но по отпустот било укажано дека целосното заздравување може да потрае и до една година, а можеби и подолго.

Семејството бара итна интервенција и поддршка од надлежните институции, посочувајќи дека борбата не е само медицинска, туку и економска, психолошка и човечка.

 

Поврзани новости