ВИДЕО Трамп се пофали дека има имот низ Британија на прашање што мисли за Брегзит

by fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп се пофали дека има имот во Шкотска и во Ирска на новинарско прашање која е неговата порака до граѓаните на Велика Британија за Брегзит, имајќи предвид дека следната негова посета нареднава недела ќе биде во оваа земја. На прес конференција по Самитот во НАТО, Трамп изнакажа многу работи, но ништо конкретно за излегувањето на Британија од ЕУ, како и правните и економски последици од тоа.

-Читав многу за Брегзит изминативе неколку денови. Немам порака, не е на мене да кажам. Имам многу имот таму, ќе одам во Шкотска додека ја чекам средбата во понеделник. Имам многу пријателства, мајка ми беше родена во Шкотска, имаме прекрасен амабсадор таму. Брегзит е Брегзит. Луѓето гласаа за да се отцепат и претпоставувам тоа ќе го направат. Сакам само луѓето да бидат среќни, тоа се прекрасни луѓе – рече Трамп.

Понатаму Трамп зборува за претседателските избори во САД, па додава:

-Верувам дека луѓето во Велика Британија, Шкотска, Ирска, знаете имаме имот во Ирска, имам имот насекаде. Мислам дека тие луѓе ме сакаат многу и се согласуваат со мене за имиграцијата. Мислам дека затоа и се случи Брегзит, поради имиграцијаа – вели претседателот на САД.

Donald Tump on Brexit

What does Donald Trump think about Brexit? 🤔 https://bbc.in/2upSGTt

Publiée par BBC Politics sur Jeudi 12 juillet 2018

Поврзани новости