(Видео) Тошковски: Досега 26 лица се осомничени за случајот, но списокот нема да биде затворен тука

by Fokus

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција ги соопшти деталите околу апсењето на седумте полициски началници и службеници од Штип и од Кочани, за издавање на лиценцата на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој рече дека е донесена мерка притвор за сите седум лица.

„Со потпишување документи одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле кабарето да добие дозвола за работа иако не исполнува услови. Осомничените предизвикале значителна опасност за делата и луѓето овозможувајќи му на кабарето да работи во супстандарни услови. Констатирале дека кабарето ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир и за сообраќај. Одобриле и потпишале известување до министертството за економија во кое констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови и покрај тоа што не извршиле проверка. Изработиле телеграма во која не навеле точни и целосни податоци дека во близина на кабарето имало пријави за нарушен ред и мир“, рече Тошковски.

Тој кажа дека досега се опфатени 26 лица во истрагата, но дека таа бројка нема да биде конечна.

„Списокот нема да биде затворен тука. Јавноста мора да знае дека уништувањето поврзано со корупција, непрофесионалност и незаконистост во континиуитет не имаат доведено до ситуација каде и да копнеме излегуваат трули работи“ рече Тошковски.

Министерот рече дека досега има определено мерка притвор за 18 лица, а седум ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, плус уште едно лице кое е едно од раководните лица во овој момент во министерството за економија.

Поврзани новости