(Видео) Свештеник ги смируваше гневните луѓе: Да ги погребаме децата, па ако сакате запалете го градот“

by Fokus

Свештеник ја смируваше гневната толпа народ насобрана пред куќата на Градоначалникот Папазов во Кочани. На вчерашниот протест на повеќе локации во Кочани, луѓето се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да ја каменуваат куќата на сега веќе поранешниот градоначалник.

Свештеникот ги молеше луѓето да се смират и да ги погребаат децета кои загинаа во пожарот.

„Ве молам во името на Бога да одиме и да ги погребаме децата, после градот ако сакате запалете го. Ве молам послушајте ме. Помолете се во црква, не еубаво ова што го почнавте“ им рече свештеникот.

Поврзани новости