(Видео) Студентски пленум зад затворени врати, новинарите избркани со извици:„Вие сте платеници!“

by Fokus

И покрај најавата за отворен собир пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), денешниот пленум организиран од Независниот Студентски Сојуз се одржа зад затворени врати на Филозофскиот факултет.

Еден студент излезе со мегафон и ги повика медиумските екипи да не снимаат. На новинарите не им беше дозволено да присуствуваат на планумот.

„Вие сте само платеници. Никој не сака новинар внатре, никој студент не даде согласност за сликање“ извикуваше студентот на мегафонот.

Можеше да се забележи мал број на студенти, кои го поддржуваат овој пленум.

Поврзани новости