(ВИДЕО) Страшни сцени на стадион во Ел Салвадор, најмалку 12 лица загинаа во стампедо

by Fokus

Најмалку 12 лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо што се случи на фудбалскиот стадион во градот Кускатлан, во Ел Салвадор, соопшти националната полиција.

Стампедото се случи кога навивачите пробија една од портите на стадионот „Монументал“ за време на четвртфиналниот натпревар од националната фудбалска лига меѓу клубовите Алијанс и ФАС во Кускатлан, на околу 41 километар североисточно од главниот град Сан Салвадор, пренесува АП.

Најмалку двајца од повредените кои се пренесени во болници се во критична состојба, соопшти полицијата.

Натпреварот е прекинат по инцидентот, јави АП, пренесува Танјуг.

На ТВ мрежите беа емитувани снимки на кои се гледа како медицинска помош им се пружа на бројни повредени навивачи на теренот.

Поврзани новости