(Видео) Средношколци под наредба излегуваат на протест

by fokus 21:59
21:59

На средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито” во Скопје, преку соопштение им било наредено во 15 часот да излезат пред училиштето. Надвор пак, ги чекале камери од медиумите блиски до власта, кои ги снимале, за потоа да прикажат дека наводно одат на протест против двојазичноста.

Како што јави А1он, наредбата била издадена од директорката на училиштето, која е и донатор на ВМРО-ДПМНЕ.  Порталот дојде до снимка на која се слуша разговорот на учениците со снимателите кои ги чекале надвор.

- Advertisements -

-Вие сте договориле со директорката да не пуштат од школо а вие да не снимате- разговара еден од средношколците со екипата на Курир.

Поврзани новости