ВИДЕО Средба Џафери-Ердоган: Турција останува на принципиелниот став во однос на употребата на името

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во рамките на официјалната посета на Република Турција, во Анкара, се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

За време на средбата Ердоган ја нагласли поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, како и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.

„Тој подвлече дека Турција беше една од првите држави што ја призна нашата земја под нејзиното уставно име, таа прва отвори амбасада и назначи амбасадор во земјата. Истовремено, турскиот претседател се осврна на потребата за интензивирање на економската соработка, реафирмирајќи ја заложбата годишната трговска размена меѓу Турција и Македонија да се искачи на една милијарда долари“, информираат собраниските служби.

Соговорниците размениле мислења за состојбите во двете земји и за актуелните случувања во регионот, при што претседателот на Собранието на Република Македонија информирал за добивањето на позитивен извештај и безусловна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ од страна на Европската комисија.

„На средбата стана збор и за потребата од интензивирање на соработката во борбата против тероризмот, при што беше нагласено дека Република Македонија го осуди обидот за државен удар во Турција и ги поддржува демократски избраните институции“, додаваат од Собранието.

Поврзани новости