Смртоносно торнадо ја опустоши американската сојузна држава Алабама, а бројот на жртви се искачи на 23 лица. Медиумите во САД јавуваат дека се прават натчовечки напори да се извадат телата на починатите од рушевините.
– Засега имаме податоци за загинати 23 лица. За жал мислам дека бројот на жртвите ќе биде поголем, изјави шерифот на округот Ли, Џеј Џоунс.
Video shows destruction in Beauregard, Alabama after tornado leaves at least 14 people dead, according to officials in Lee County. https://t.co/Nh2TAH8mVz pic.twitter.com/6keijqTy3g
— ABC News (@ABC) March 4, 2019
Американската метеоролошка служба го вброи торнадото во категорија ЕФ-3, што значи дека брзината на ветрот достигнала 266 километри на час.
Податоците за бројот на жртвите и причинетата материјална штета не се конечни, а спасувачката акција е во тек.
Повеќе од 4.000 семејства во Алабама останале без електрична енергија.