(ВИДЕО) Сирените за тревога ги испаничија жителите на Косовска Митровица

by fokus

Попладнево во северниот дел на Косовска Митровица се слушнаа сирени за тревога.

Тие беа многу гласни, што ги испаничија граѓани, особено луѓето со мали деца кои се најдоа на улица, јавува КосСев. Граѓаните од северот на Косово известуваат дека на повеќе локации се поставуваат барикади, јавува Н1 инфо..

На северот на Косово вечерва граѓаните поставија барикади во градовите Рударе и Жупча, недалеку од Зубина Поток, јавува Косово онлајн.

Од утре Косово воведува забрана за влез на нејзина територија за лица со српски легитимации и наместо тоа ќе издаде тримесечен „документ за влез-излез“.

Забранета е и употребата на регистарските таблички КМ (Косовска Митровица) издадени во Србија за градовите на северот на Косово, поранешна српска покраина која прогласи независност во 2008 година и не е призната од Белград.

Станува збор за реципрочни мерки бидејќи Србија цели 11 години не дозволува влез на државјани на Косово со косовски документи, туку им издава посебни дозволи.

Поврзани новости