Видео: Шахпаска: Трет пат годинава има инсулинска криза

by Fokus 15:10
15:10

Над 39.500 граѓани кои што боледуваат од дијабет зависат од каприците на Тодоров и Груевски за богатење на криминалната власт, а штедење на најскапоценото нешто, здравјето на граѓаните, реагираше Јагода Шахпаска, пратеничка од редовите на СДСМ, според која оваа година, трета по ред има инсулинска криза.


– Покрај сите притисоци врз докторите на Тодоров не му успеа да ги префрли пациентите од инсулински аналози на поефтини хумани инсулини. Сега посегна по друга мерка-скратена испорака на аналози во аптеките за 25 отсто. Со тоа ги принуди докторите да препишуваат само онаков инсулини каков што има во аптеките а не оној што им е потребен на пациентите. Но, недоволната испорака доведе повторно до недостиг на инсулин за пациентите – рече Шахпаска.

Според неа, тоа ги принудува лицата со дијабет непотребно да шетаат од аптека до аптека во Скопје, а пациентите од помалите градови во внатрешноста немаат од каде да обезбедат инсулин па мораат да патуваат до соседните градови.

- Advertising -

– Недозволиво е да нема инсулин за деца кои растат, за трудници, срцеви болни. Недозволиво е граѓаните сами да си обезбедуваат пенкало по пенкало од соседни градови. Осцилациите на крвниот шеќер сериозно го нарушуваат здравјето и водат до непоправливи последици. Наместо да води сериозна грижа за здравјето на граѓаните криминалната власт фаворизираат одредени тендер релации со добавувачи, а на штета на населението – истакна пратеничката.

Таа рече и дека со новиот тендер кој заврши во понеделникот предвидува намалување на аналози во корист на поефтините, така наречени хумани инсулини.

 

Поврзани новости