472
Во 11 часот почнува новата собраниска седница, на која како точка на дневен ред е разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.
За денешната седница уште од вчера следуваше масовно пријавување за збор од сите пратеници од сите десет пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупно за збор се пријавија 73 пратеници.
Откако Собранието вчера премина на точката за разрешување на Зврлевски, тој се појави на седницата.
Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител е поднесен од Владата на РМ поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
Видео: А1он