(ВИДЕО) Се урна повеќекатна станбена зграда во Доха, едно лице загина

by Fokus

Во главниот град на Катар, Доха утрово се урна четирикатна станбена зграда при што едно лице загина.

Локалната полиција соопшти дека екипите на цивилната одбрана и другите надлежни органи успеале да ги спасат животите на седум лица по падот на четирикатница, додека едно лице кое престојувало во зградата загинало, пишува Галф Тајмс.

Во тек се напори да се осигура дека никој не е заробен во или во близина на зградата. Истовремено се работи и на безбедноста на оние кои живеат во соседните средини, целиот простор е ограден и никој не смее да влезе.

Надлежните се уште не ги разјасниле причините за уривањето, а на социјалните мрежи се шират застрашувачки видеа од местото на несреќата.

Поврзани новости