(ВИДЕО) Руски тенкови влегле во украинско минско поле

by fokus

На социјалните мрежи е објавено видео снимено од дрон во близина на Вухледар, на истокот на Украина. Видеото покажува руски тенкови Т-80 кои налетале на наводно украинско минско поле.

Видеото беше споделено од OSINTechnical, профил на Твитер кој објавува разузнавачки информации со отворен код. Автентичноста на снимката не е потврдена.

Британците пред неколку дена објавија дека Русите загубиле многу тенкови.

Британското Министерство за одбрана во својот извештај од 10.2. објави дека руските сили загубиле десетици тенкови при обид за напад врз градот Вухледар во областа Доњецк во источна Украина.

Иако Русите, според извештајот на британското воено разузнавање, сепак постигнале скромен напредок во околината на градот, тоа било постигнато со големи загуби. На тој ден, украинското Министерство за одбрана објави видео за кое тврди дека покажува уништување на руски тенкови во близина на Вухледар. Автентичноста на таа снимка не е независно потврдена.

Поврзани новости