(ВИДЕО) Рама: Курти ми е „специјален пријател“, му давам целосна поддршка

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама на „свој терен“ се сретна со косовскиот премиер Албин Курти и во таа прилика истакна дека Косово мора да почне да го спроведува Охридскиот договор, вклучително и ЗСО. Рама на Фејсбук изјави дека за Охридскиот договор разговарал со Курти, кого го нарече „специјален пријател“.

„Со мојот специјален пријател, косовскиот премиер Албин Курти, на денешниот ручек детално разговаравме за Охридскиот договор“, нагласи Рама.

Тој додаде дека го охрабрува Курти да започне со спроведување на договореното со Србија, вклучително и ЗСО.

„Му честитав на Курти за неговата храброст, бидејќи тој направи многу важни чекори кон нормализација на односите со Србија. Го охрабрив премиерот да преземе понатамошни чекори, или да ги гарантира српските општини во рамките на здружението кое гарантира ексклузивен ангажман на српската заедница, или дека со потребните гаранции СПЦ делува во своите богослужби“ – посочи Рама, додавајќи дека процесот на дијалог не е лесен.

Според него, следната средба на владите на Косово и Албанија ќе се одржи во јуни годинава.

Поврзани новости