ВИДЕО: Принцот Чарлс го раскажа своето искуство со корона вирусот

by fokus

Британскиот принц Чарлс (71) првпат се обрати пред јавноста по закрепнувањето откако се утврди дека е позитивен на корона вирусот. Принцот, преку видеопорака, им се заблагодари на сите волонтери и здравствените работници, меѓутоа, времето го посвети и на сите луѓе кои и понатаму мора да работат, продавачите во супермаркетите и на многу други. Притоа го опиша своето искуство со корона вирусот.

– Ова е сè уште ново за сите нас. Чудно и фрустрирачки е кога сте болни, а кога вашето семејство и пријатели не смеат да дојдат до вас и не можат да ви помогнат. За среќа немав тешки симптоми и добро сум. Во овие тешки времиња, моите и мислите на мојата сопруга се со сите оние кои ги загубија најблиските поради пандемијата на корона вирусот. Како и со оние што се болни поради што се осамени и изолирани – рекол, меѓу другото, принцот.

Со оглед на тоа дека неодамна поминав низ заразата, за среќа, со благи симптоми, сега сум на другата страна на оваа болест, но сѐ уште во состојба на социјална дистанца и општа изолација. Како што сите учиме, ова е чудно, фрустрирачко и често вознемирувачко искуство кога присуството на семејството и пријателите веќе не е можно – рекол тој.

Принцот Чарлс беше во изолација една недела откако му беше дијагностициран корона вирусот. Неговата сопруга Камила сѐ уште е во самоизолација.

Поврзани новости