Видео: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тропаат по маси во Собрание, Џафери ги потести дека во 2004 тропале со тенџериња и лонци

by Fokus

На почетокот на денешната седница, претседателот на Собранието Талат Џафери потврди дека од денeска седниците на Собранието ќе бидат отворени за граѓаните кои сакаат и се во можност да ги следат, а пратениците ќе им бидат достапни за средби и надвор од салата на Собранието.

Седницата започаа со силно негодување од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои со тропање по масите се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието.

Џафери ги потести „вмровците“ кога во 2004 година тропаа со лонци и тенџериња во Парламентот.

Поврзани новости