(ВИДЕО) Поплавени улици по невремето во Велес

by Fokus

Обилните врнежи од дожд денеска предизвикаа вистински хаос во Велес, а за тоа сведочат фотографиите и снимките од градот.

За кратко време улиците во градот кои се без атмосферска канализација беа преплавени со вода што го отежна движењето на сообраќајот.

Од Регионалниот центар за  справување со кризи за МИА изјавија дека  по пријава за паднато дрво на улица „Борис Трајковски” интервенирале пожарникари од Територијалната Противпожарна Единица, како и дека засега не се пријавени поголеми штети од институциите и граѓаните.

Поврзани новости