ВИДЕО Поддржувачите на Трамп и Бајден на протести: Блокади, оружје, апсења

by Фокус

Поддржувачите на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден демонстрираа во Минеаполис, Њујорк и други градови во САД против претседателот Доналд Трамп и неговите обиди да се прекине броењето на гласовите. Демонстрантите побараа од властите да го „пребројат секој глас“, како одговор на обидот на Трамп да го блокира броењето на гласовите на претседателските избори.

Во Минеаполис, демонстрантите блокираа автопат што доведе до низа апсења. Во Портланд, стотици луѓе се собраа на пристаништата за да протестираат против обидот на претседателот да се вмеша во броењето на гласовите, додека друга група протестираше против полицијата и повика на расна рамноправност, истовремено кршејќи излози и судирајќи се со полицијата и Националната гарда.

Во Феникс, околу 150 поддржувачи на Трамп, пак, од кои некои вооружени, се собраа пред зградата во која се бројат гласовите. Во повеќе наврати, собраните го прозиваа Адријан Фонтес, функционерот кој го надгледува изборниот процес во најбројната општина Марикопа, обвинувајќи го дека намерно пропуштил да преброи гласови за Трамп.

Во Детроит, група поддржувачи на Трамп се собраа пред еден гласачки центар барајќи од властите да го „прекинат броењето“ на гласовите, откако штабот на Трамп поднесе тужба до судот, барајќи да сопре броењето на гласовите во Мичиген.

Поврзани новости