(ВИДЕО) Пендаровски во Лондон и оддаде последна почит на Кралицата Елизабета

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски во Лондон и оддаде последна почит на Британската Кралица Елизабета Втора.

„Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир“, напиша тој на фејсбук.

Пендаровски утре ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската палата.

Поврзани новости