(ВИДЕО) Огромен пожар во Русија, над 100 луѓе се евакуирани

by Fokus

Според привремените податоци, пожарот зафатил површина од 3.000 метри квадратни.

Пред пристигнувањето на противпожарната бригада, 110 лица сами се евакуирани од зградата, соопштија од подрачната служба на Министерството за вонредни состојби.

Постои опасност пожарот да се прошири на складиштето за запалива течност, пренесува ТАСС.

На терен се 16 возила со 49 пожарникари.

Истражувачкиот и производствен холдин VMP произведува материјали за бои и лакови за индустриска употреба и огноотпорни бои.

Компанијата е изградена во 2017 година, според веб-страницата на компанијата.

 

Поврзани новости