ВИДЕО од синоќешното обраќање на Заев: Јас сум широк човек, вреди да се разговара и понатаму

by fokus

Сите ние, кои останавме посветени до крај на оваа лидерска средба, сите сме за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Заедно, сме за успех на референдумот на кој ќе одлучуваат граѓаните. Потенцирам, сите што останавме сме за успешен референдум како процес, рече премиерот, Зоран Заев, на синоќешната прес конференција по лидерската средба.

Тој го искоментира и предвременото заминување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од средбата.

„Однесувањето на Христијан Мицкоски кое вечерва го демонстрираше во име на ВМРО-ДПМНЕ, е несериозно, неодговорно и навредливо кон сите политички субјекти и кон сите граѓани на Република Македонија. Ако е Мицкоски за НАТО и ЕУ, и за просперитетна иднина на Република Македонија, тој вечерва требаше да седи, рамо до рамо, со лидерите на политичките партии и да носи одлуки во интерес на граѓаните на нашата земја. Наместо тоа, Мицкоски одлучи да избега од лидерската средба, а со тоа и да избега од одговорноста за ова историски најважно прашање за македонската иднина. Што е тоа што Мицкоски не сакаше да го каже пред сите политички лидери, а е спремен да го каже на лидерска средба во помал состав? Но, јас сум широк човек. Прашањето е премногу вредно за Македонија и вреди да се разговара и понатаму“, рече Заев.

Премиерот закажа нова средба за денеска на пладне, во формат каков што побара Мицкоски.

Поврзани новости